Нелегални онлајн казина намамувале деца преку видео игри

Истражување на Sky News открило мрежа од нелегални виртуелни казина во Велика Британија која намамувала деца. Нелегалните онлајн казина им дозволувале на деца да прават влогови, користејќи нивни профили на познатата игра за деца „Roblox“.

Играта е нарекувана „дигитално игралиште“ и е една од најпопуларните видео игри во светот. Се претпоставува дека има 80 милиони активни корисници на дневна база. Од сите корисници, 42% се деца под 12 годишна возраст.

Новинарите од Sky News зборувале со еден тинејџер кој изгубил 15 милиони „Robux“ односно 150,000 фунти. Тој почнал активно да учествува во онлајн казиното кога имал само 14 години.

Парите можеле да се подигнат во форма на криптовалути и потоа да се конвертираат во вистински пари. По објавата на истражувањето, Комисијата за коцкање презела соодветни постапки против нелегалните казина.

 

Back to top button
Close