„Нелегалниот“ премин кај Бит-пазар станува легален: Ќе има семафори и пешачки премин
Скопје најавува промени во сообраќајот и јавниот превоз, но и нови мерки за справување со проблемот со отпадот. Една од најавените промени е легализирање на пешачкиот премин кај Бит-пазар, каде што наскоро треба да бидат поставени соодветна сигнализација и семафори.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на советничко прашање, информираше дека на местото на нелегалниот премин ќе биде обележан пешачки премин, а ќе бидат поставени и семафори со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.
Во однос на јавниот превоз, Ѓорѓиевски потврди дека е потпишан договор за набавка на 100 електрични автобуси, а првите возила се очекува да пристигнат до крајот на годинава.






