„Нема да дозволиме отворање, премиерот нека гарантира со живот дека рудникот нема да загадува“, порачаа од „Чејнџмејкерс“

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја предводи директор со менаџерско потекло и која влезе во бизнисот со производство на струја заедно со МПЦ, пишува Фокус.

Инаку, рудникот „Крстов дол“ не работи повеќе од 50 години, но јаловината од поранешната експлоатација и понатаму е извор на загадување. Рудник на антимон имаше и во кумановско Лојане, каде што жителите до ден денес ги трпат последиците од канцерогениот арсен.

Невладината организација за заштита на животната средина „Changemakers4all“ е против отворање рудници што носат ризик по здравјето на луѓето и природата, затоа што искуствата, според нив, покажуваат дека рударството, особено за метали како антимон, неизбежно остава трајни последици врз водите, почвата, воздухот.

Повеќе

Back to top button
Close