Нема правна пречка за разрешување на Зибери, сметаат во антикорупциска

Претедателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека и таа лично, и комисијата се согласуваат со изјавата на министерот дека таква изјава не доликува на доктор и директор. „Забрането е какво било злоупотребување на службена функција во предизборна кампања. Ние разговаравме со комисијата и апсолутно сме согласни дека нема правна пречка за министерот да го разреши Зибери. Тој ќе ја изгуби функцијата, но не и работното место, бидејќи е забрането отпуштање на работа во овој период“, ни изјави Ивановска. Директорот на Центарот за јавно здравје Зибери е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер. Тој по професија е лекар по општа пракса. Како директор на Центарот за јавно здравје, кој е меѓу најоптеретените здравствени институции во коронакризата, тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на задолжителноти тестирање при влез во земјата и 14-дневната изолација е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

Back to top button
Close