Нетанјаху по нападите на Хезболах: „Кој ќе нѐ повреди нас, ние ќе го повредиме него“
Израел утрово уништи илјадници ракети на Хезболах, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нагласи дека израелската влада е решена да направи се за да ја заштити земјата.
Според Нетанјаху, оттогаш израелската армија интензивно работи на спречување закани и уништила илјадници ракети кои биле насочени кон северот на Израел, а исто така спречува и многу други закани и дејствува со голема сила во одбраната и нападот, објави Тајмс оф Израел.
„Ние сме решени да сториме сè за да ја заштитиме нашата земја, да ги вратиме жителите на северот безбедно во нивните домови и да продолжиме да го следиме едноставното правило: кој и да нѐ повреди, ние ќе го повредиме него“, рече Нетанјаху.
Хезболах соопшти дека повеќе од 320 ракети и голем број беспилотни летала биле истрелани врз цели во северен Израел.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека прогласил вонредна состојба на 48 часа, а портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека десетици израелски воени авиони напаѓаат цели во јужен Либан