Нетанјаху по нападот од Иран: Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме

– Израел ќе победи откако ќе се одбрани од налетот на ирански беспилотни летала и ракети, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме“, рече Нетанјаху во кратка објава на мрежата Х.

Изјавата на Нетанјаху уследи по двочасовната проценка на ситуацијата со министерот за воен кабинет Бени Ганц и министерот за одбрана Јоав Галант, наведува Тајмс оф Израел.

Иран синоќа лансираше стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел, како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск во кој загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамед Реза Захеди и неговиот заменик, како и петмина полицајци кои ги придружувале.

Back to top button
Close