Ник Кејв: Постарите рок-обожаватели не знаат да прават самослик

 Музичарот Ник Кејв се пошегува дека „најлошото нешто кај старите рок-ѕвезди“ е што нивните „стари обожаватели“ не знаат како да ги користат своите мобилни телефони, и да прават самослик.

– Пар стои таму, беспомошно чепкајќи по екранот, обидувајќи се да влезе во режим на самослик или што и да е, велејќи „Не знам како да го користам мојот телефон“, „Како да го користам ова?“ и „Не можам да верувам дека ова е Ник Кејв!“ …Се обидувам да им помогнам, но ни јас не знам како да ги користам нивните телефони, вели Кејв.

Прашан за својот неодамнешен престој во Оденсе, Данска, околу тоа – „Како е да се биде стара рок-ѕвезда?“, Кејв на својата веб-страница „Редхендфајлс напиша дека има „пеколен миг“ и кога обожавателите конечно ќе успеат да направат слика и тој го гледа своето „лудо, старо лице, со напната гримаса и панични очи“…

– Тогаш сфаќам дека единствената разлика меѓу мене и моите стари обожаватели е што јас ја бојадисувам косата, се пошегува рокерот.

Тоа, според него, е „ужасен блесок на егзистенцијална луцидност“, што само го прави постар и целосно смешен. – Парот се шегува: „О, Боже! Ник Кејв! Каков прекрасен човек.“ А, јас одам во хотелот и ѝ пишувам на Дефо (рок-пејачка, вистинско име: Габи Гамберг, з.п.). И си ги свирам „Кјур“!, рече музичарот.

Ник Кејв и неговиот придружен бенд „Бед сидс“ во август ќе одржат концерт во Белград.  си/

Фото: МИА архива

Back to top button
Close