Нинџа: Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Зврлевски, Бришковска и други зборуваа кого да обвинат

Во денешното сведочење на судењето за организаторите на нападот во Собранието на 27 април 2017, Александар Василевски-Нинџа кажа дека непосредно по нападот поранешниот државен обвинител Марко Зврлевски бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и таму зборувал со присутните за обвиненија, пренесе СДК.


„Утредента пак отидов на осмиот кат во ВМРО-ДПМНЕ. Таму беше државниот обвинител Марко Зврлевски, заменичката министерката за правда Билјана Бришкоска и други, збореа за обвиненија, кого да обвинат“, сведочеше Нинџа, кој е неправосилно осуден за учество во нападот на 27 април.

повеќе

Back to top button
Close