Норвешка ќе дозволи патувања во и од Финска, на Исланд и до шведскиот остров Готланд

Норвешка од 15 јуни ќе дозволи патувања до и од Финска, Исланд и шведскиот остров Готланд, но ги задржа постојните ограничувања за патувања за континенталниот дел од Шведска поради големиот број случаи на Ковид-19.

-Доколку во исто време ги укинеме ограничувањата ризикуваме да ја изгубиме контролата и, во најлош случај, повторно да наметнеме инвазивни мерки, изјави норвешкиот премиер Ерна Солберг, пренесоа британските медиуми.

Данска, Финска и Норвешка укинаа одредени забрани за патувања, што ги воведоа за да го спречат ширењето на пандемијата на коронавирусот, но ги задржаа повеќето од забраните за Шведска. сд/

Back to top button
Close