Нов договор за лидерот на Милан

Милан е блиску до потпишување нов договор со Тијани Рејндерс.

Еден од најдобрите, ако не и најдобри играчи на „росонерите“ оваа година е блиску до договор со италијанскиот клуб за продолжување на договорот.

Се шпекулираше дека холандскиот интернационалец би можел да го напушти Милан на крајот на сезоната, но како што сега стојат работите, тоа нема да се случи.

Милан му понуди на Рејндерс подобри услови. Договорот би бил со важност до 2030 година, а неговата плата би скокнала од милион и пол на три и пол милиони евра. На Рејндерс очигледно му се допаѓа таквата понуда и остануваат само последните детали до официјален договор.

Рејндерс дојде во Милан од АЗ Алкмар во трансфер вреден 20,5 милиони евра, а неговата пазарна вредност сега се проценува на околу 50 милиони евра.

Back to top button
Close