Нов граничен инцидент: Италијанско воено возило влезе во Словенија

 Италијанско воено возила влезе на словенечка територија, објави Телевизија Словенија повикувајќи се на армиски извори.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, италијанските војници со возило од градот Горица, влегле во Шемпетер при Горици што е на словенечка територија. Според податоците на Армијата, воено возило се движело по улицата Горишка, по што завртело и се вратило назад на италијанска територија.

Инцидентот се случил нешто по осум часот утрово.

Словенечката полиција го документирала целиот случај и потребните информации веќе ги испратило до Министерството за надворешни работи, кое се очекува и официјално да реагира.

Ова е втор граничен инцидент за кратко време. Првиот се случи пред неколку недели кога словенечки војник му вперил автоматска пушка во глава на италијански државјанин кој движејќи се по шумски предел влезе на словенечка територија.

Back to top button
Close