Нов шамар за Орбан- ЕП ќе бара да и се одземе правото на Унгарија да претседава со ЕУ

Надворешната и безбедносната политика е една од ретките области во креирањето политики на ЕУ каде е потребна едногласност. – Авторски права Европската Унија, 2023 година.

Надворешната и безбедносната политика е една од ретките области во креирањето политики на ЕУ каде е потребна едногласност. – Авторски права Европската Унија, 2023 година.

Европскиот парламент наскоро ќе излезе со предлог за дискфалификација на Унгарија како од ротирачкото претседавање со Европскиот Совет поради кршење на принципите на владеењето на правото . Според актуелниот распоред Будимпешта би требало да го преземе претседавањето со ЕУ во втората половина на 2024 година.

Според нацрт-резолуцијата, што треба да се гласа на 1 јуни, Парламентот ја доведува во прашање способноста на Будимпешта да претседава со ЕУ во контескт на полтиките на Орбан .. Доколку

Советот на министри не постапи по однос на оваа одлука , Парламентот предупредува дека ќе преземе „соодветни мерки“, се вели во нацртот.

Ако се случи овој мораториум на правото на претседавачки мандат со ЕУ тоа ќе биде за првпат во историјата на ЕУ што според некои аналитичари е добра работа затоа што ќе биде јасен сигнал за секоја влада која има намера да ги поткопува принципите на ЕУ, сметаат предлагачите на оваа резолуција.

Извор

Back to top button
Close