Нова.бг: Приведени вандалите кои го искршија македонскиот клуб во Благоевград

Има приведени за вандализирањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград кое се случи на 4 февруари, јавува Нова. бг повикувајќи се на свои извори.

Според информациите на порталот, во притовр се двајца мажи и две жени, сите од Благоевград и на возраст од околу 40 години. Засега не е јасно кои се мотивите за делото.

Според неофицијални информации, по полициската акција во Благоевград, министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев разговарал со својот колега од Северна Македонија и ги повикал локалните органи на прогонот да ја завршат работата за дефинитивно идентификување на напаѓачите на Христијан Пендиков, пишува Нова.бг.

Македонскиот клуб во Благоевград беше вандализиран на 4 февруари, кога во Скопје се чествуваше 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев. Вандалскиот чин бил пријавен вечерта во 21:40 часот во локалната полициска станица откако полициската патрола видела дека е скршено стаклото на клубот.

Следниот ден БНТ објави фотографии од каменуваниот македонски културен клуб во Благоевград.

Клубот „Никола Вапцаров” беше отворен на 30 октомври минатата година во тензична атмосфера. Тој ден една од буквите на натписот беше излупена.

Back to top button
Close