Новак Ѓоковиќ елиминиран од УС Опен
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран од УС Опен, откако Австралиецот Алексеј Попирин го совлада со 3:1, во сетови 6:4, 6:4, 2:6, 6:4 во третото коло на гренд слем турнирот во Њујорк.
Ѓоковиќ го заврши учеството на УС Опен по поразот од Попирин во четвртиот меѓусебен меч, а по елиминацијата на третиот тенисер на АТП листата Карлос Алкараз во второто коло на турнирот.
За Попирин, 28. тенисер во светот, тоа е најдобар резултат на грен слем турнир – првпат го минува третото коло на еден од четирите најголеми турнири во сезоната.