Новиот тип на мајмунски сипаници несразмерно ги погодува децата
Типот 1 претставува поопасен тип на мпокс во споредба со тип 2 кој предизвика епидемија во 2022 година и е поврзан со потешки форми на болеста и повисоки стапки на смртност.
Мпокс 1 несразмерно ги погодува децата, што не беше случај за време на избувнувањето во 2022 година, што ја поттикна Светската здравствена организација да прогласи глобална вонредна состојба.
– Овие резултати се разочарувачки, но ни даваат клучни информации и ја нагласуваат потребата да се најдат други терапевтски кандидати за лекување на мпокс додека продолжуваме со истражувањето – рече за Политико директорката на Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД), Жана Марацо.
Студијата поддржана од НИАИД покажа дека смртните случаи може да се избегнат кога пациентите со мпокс се лекуваат во болница. Истражувачите вклучиле 597 пациенти, хоспитализирани најмалку 14 дена. Стапката на смртност, вклучувајќи ги и оние кои примиле плацебо, била 1,7%, во споредба со најмалку 3,6% меѓу сите случаи во ДР Конго, велат истражувачите.
„Ова покажува дека подобри резултати кај луѓето со мпокс може да се постигнат кога тие се хоспитализирани и им се дава висококвалитетна помошна нега“, се вели во соопштението на Националниот институт за здравје