Објавена е видео-снимка што наводно ја прикажува експлозијата во дворот на Раде Трајковски-Штекли

Доцна синоќс порталот 4News објави видео-снимка од безбедносна камера на која, како што се наведува, е прикажан момент од детонацијата на експлозивната направа пред домот на Раде Трајковски-Штелки.

Делот од снимката во кој се гледа моментот од експлозијата / Фото: Принтскрин

На објавената снимка, може да се види како лицето се движи во дворот од куќата со своето куче, а во моментот кога излегува од портата се гледа чад.

Датумот на снимката е 14.11.2024 г., а времето што е прикажано е 9:16 часот наутро.

Во текстот на порталот се наведува дека пред објавувањето на снимката редакцијата ја потврдила нејзината автентичност.

Инаку, во четвртокот кога се случи настанот, од МВР соопштија дека експлозијата во населбата Ќерамидница се случила во 9:20 часот и дека во ена е повредено едно лице, без да ги соопштат неговите иницијали.

Сепак, повеќето медиуми објавија дека станува збор за Раде Трајковски-Штекли кој во период од два месеци лани беше цел на два вооружени напади во трговскиот центар „Ист гејт“.

Од експлозијата, што се води како трет обид за негова ликвидација, Трајковски помина со изгореници кои му беа констатирани во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Засега не е расчистен ниту еден од трите случаи во кои ова лице беше цел на напад

Back to top button
Close