Објавена меѓународна потерница за осомничениот во „Двојник“

На официјалниот сајт на Министерството за внатрешни работи (МВР) осамна потерница за осомниченото лице во случајот „Двојник“, кое е во бегство.
Станува збор за Раиф Мифтари од Скопје, за кого е распишана меѓународна потерница. Тој е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања пропишано во членот 353 од Кривичниот законик.

За Мифтари е одреден притвор кој ќе стапи на сила при евентуалното негово пронаоѓање.
Покрај него, во случајот со издавањето македонски пасоши осомничени сè уште 10 лица. Од нив, шест се во притвор за овој случај, додека еден осомничен од претходно е во притвор во постапка кој се води за незаконско издавање возачки дозволи.
За тројца осомничени, пак, се одредени мерки на претпазливост.
Според обвинителството, 10 од осомничените вработени во МВР и еден посредник, се товарат дека преку службите во Министерството издавале македонски пасоши на странки државјани. Користеле туѓ, македонски идентитет на лица кои живеат во дијаспората, а фотографијата на пасошот била на лицето на кое му се издава






