Обвинителството ќе истражува како ВМРО-ДПМНЕ ги добило доказите за акцијата „Двојник“

Од Обвинителството денеска информираа дека од МВР им пристигнале две кривични пријави со вкупно 11 осомничени во акцијата „Двојник“. За 8-мина од нив бараат притвор.

Исто така од Обвинителството додаваат и дека ќе го истражат и протекувањето на информациите, пред реализирањето на акцијата.

-Обвинителството во целост ќе ги истражи информациите за доспевање на податоци од постапката во јавноста во завршната фаза од обезбедувањето на доказите, односно непосредно пред поднесување на кривичните пријави. За таа цел надлежниот јавен обвинител од МВР ќе побара материјални докази дали и кои лица тие податоци ги направиле достапни на јавноста, а воедно ќе обезбеди и вербални докази во рамките на своите законски овластувања, велат од Обвинителството.

Back to top button
Close