Од Израел на социјалните мрежи првично објавиле, а потоа избришале порака со сочувство за смртта на папата Франциск

Израелската влада сподели, а потоа избриша објава со сочувство на социјалните мрежи за смртта на папата Франциск, јавија британски медиуми.

EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Израелските медиуми го поврзаа ваквиот потег со критиките што покојниот папа Франциск ги упати кон раководството на државата поради војната во Газа.

„Почивај во мир, папа Франциск. Нека неговиот спомен биде благослов“, беше објавена во понеделникот проверениот налог „@Israel“ на платформата Х, покрај сликата на папата додека тој беше во посета на Западниот ѕид во Ерусалим.

„Јерусалим пост“ цитираше претставници во израелското Министерство за надворешни работи, кои, според весникот, изјавиле дека папата давал „изјави против Израел“ и дека сочувството е објавено на социјалните мрежи „по грешка“.

Папата Франциск (88), кој почина во понеделникот, во ноември минатата година предложи светската заедница да истражи дали израелската воена кампања во Газа е геноцид врз Палестинците, во некои од неговите најексплицитни критики за однесувањето на Израел во војната со Хамас што започна во октомври 2023 година.

Папата, исто така, во јануари хуманитарната ситуација во Газа ја нарече „срамна“, предизвикувајќи критики од главниот еврејски рабин во Рим, кој го обвини папата Франциск за „селективна огорченост“.

Back to top button
Close