Од Кабинетот на Пендаровски: Екс политичари и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозицијa предлагаа помилување политичари
По прозивката од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски македонскиот претседател Стево Пендаровски да каже од кого конкретно добил предлог да размисли за помилување политичари, попладнево преку соопштение од претседателскиот Кабинет наведоа дека се работи за екс политичари и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција.
„Во врска со наводите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, информираме дека до претседателот Стево Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, беа упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари.
Тие предлози, преку посредници, до претседателот Пендаровски беа упатени од политички и безбедносни структури кои се блиски до актуелната опозиција, како и од поранешни политичари“ се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.