OJO: Се испитуваат причините за несреќа на градежна локација во Кавадарци каде загинаа две лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години.

Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби.

Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде издадена наредба за вештачење, а во меѓувреме надлежното обвинителство прибира вербални и материјални докази за испитување на сите околности.​​

Back to top button
Close