OJO во Кочани поведе постапка против 26 лица за непостапување според здравствените прописи

 Основното јавно обвинителство во Кочани поведе постапка против 26 лица кои во одделни кривично правни настани, во периодот од 23 април до 22 мај 2020 година, го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

– Тие не ги почитувале мерките на Владата за сузбивање на опасната болест предизвикана од коронавирусот, со тоа што пеш или со возило се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата, наведоа од ОЈО.

За стореното кривично дело, Обвинителството му предложило на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од 500 до 2000 евра во денарска противвредност.​

Back to top button
Close