Ѓоковиќ: Ова можеби беше мој последен настап на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ немаше сили да продолжи и денеска го предаде мечот против Александар Зверев во полфуиналето на Австралија Опен.

Српскиот тенисер одлучи да застане п изгубениот прв сет во тај-брејкот, а на прес-конференцијата по средбата не криеше дека ова можеби е негов последен настап во Австралија.

„Пости можност ова да е мој последен настап на Австралија Опен. Кој знае, ќе видиме, како сезоната ќе се одвива. Морам да направам распоред, би сакал да дојдам повторно, имам тука многу успех, но секако дека постои шанса тоа да не се случи. Не знам што ќе биде понатаму, ќе се вратам дома да видам како најбрзо да се опоравам, турнирот во Доха започнува за неколку недели. Некогаш се опоравував брзо, се зависи од мускулот и реакцијата на лекувањето“, изјави Ѓоковиќ.

Зверев во финалето во Австралија ќе се соочи со подобриот од мечот помеѓу Јаник Синер и Бен Шелот.

Back to top button
Close