Оксфордската вакцина против Ковид – 19 го помина првиот тест- успешно го поттикнува имунолошкиот систем

Вакцината против Ковид-19 која ја разви Универзитетот во Оксфорд е безбедна и го поттикнува имунолошкиот систем во борбата против новиот вирус, објавуваат британските медиуми.

Првата фаза на испитување во кое учествуваа 1.077 луѓе покажала дека вакцината доведува до развој на антитела и бели крви зрнца кои успешно се борат против инфекцијата SARS-CoV-d.

Овие наоди влеваат оптимизам, но уште е рано да се знае дали е тоа доволна заштита со оглед на тоа дека се потребни дополнителни испитувања.

Велика Британија веќе нарача 100 милиони дози од оваа вакцина.

Back to top button
Close