Ќоку за Села: Во ВРЕДИ не, но во парламентарно мнозинство е добредојден

Мнозинството е стабилно, но вратата е отворена за другите партии, изјави пратеникот Беким Ќоку од коалицијата ВРЕДИ. На прашањето дали постои можност Зијадин Села да стане дел од ВРЕДИ, тој одговори:

Новинар: Дали Села има отворена врата во ВРЕДИ?

Ќоку: Не би рекол во ВРЕДИ, но во парламентарното мнозинство верувам дека секоја партија што ќе одлучи да се бори против корупцијата, да се бори против злото, да стане дел од големите промени, верувам дека треба да биде добредојдена.

Претседателот на АА, Зијадин Села, вчера зборуваше за оваа тема, велејќи дека нема намера да влезе во никаква соработка со коалицијата ВРЕДИ, но додаде дека доколку Таравари се приклучи на Европскиот фронт, ќе има свои ставови по ова прашање.

Се очекува на 1 мај премиерот Мицкоски да се сретне со Таравари, кога се очекува да се одлучи дали АА ќе остане дел од Владата. За ВРЕДИ е неприфатливо некој што е дел од нив да соработува со ДУИ.

–Од него не е побарано да ја напушти Владата, но убедени сме дека секој политички субјект во рамките на семејството ВРЕДИ што кокетира, тајно соработува без наше знаење, за групни интереси со ДУИ и Али Ахмет е неприфатлив, изјави пратеникот Беким Ќоку од коалицијата ВРЕДИ.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема место за ДУИ во Владата, додека потпретседателот на оваа партија, Александар Николоски, во интервју за 360, рече дека би бил изненаден доколку Таравари соработува со ДУИ.

Одлуката на Таравари за да одат на локалните избори со посебни советнички листи, ги наруши односите со тројцата други партнери на ВРЕДИ. Засега тој изјави дека на локлани избори ќе бара соработка со сите политички партии освен Левица.

Back to top button
Close