ОН: Околу 400 муслимани Рохинџи кои пловат со два чамци се во опасност

Околу 400 муслимани Рохинџи кои пловат во два чамци во Андаманското Море без потребни резерви на храна и вода би можеле да ги загубат своите животи доколку не се направи повеќе за да се спасат, соопшти агенцијата на Обединетите нации за бегалци.

– Околу 400 мигранти, меѓу кои и жени и деца, и гледаат на смртта в очи и нема да преживеат доколку не се преземат чекори за нивно спасување, соопшти агенцијата.

Не е јасно каде точно е сега другиот чамец.

Капетанот на еден од чамците изјавил дека на бродот имало од 180 до 190 патници без храна и вода, дека моторот е оштетен и оти се плаши дека сите на бродот ќе умрат доколку не добијат помош.

Последното нешто што се знае е дека бродот во неделата бил на оддалеченост од 320 километри од западниот брег на Тајланд. Портпаролот на тајландската морнарица, контактиран вчера, рече дека нема информации за чамците.

Агенцијата на ОН соопшти дека доколку двата чамци не добијат помош, светот „може да биде сведок на уште една трагедија, како онаа во декември 2022 година, кога исчезна брод со 180 патници“.

Од минатата година, бројот на Рохинџи кои бегаат од преполните бегалски кампови во Бангладеш е во пораст, каде дистрибуцијата на храна е намалена и се зголеми бројот на насилни судири меѓу бандите.

Повеќе од еден милион бегалци Рохинџи кои избегаа од воената репресија во Мјанмар, воспоставена во 2017 година, живеат во бегалски кампови во Бангладеш.

Рохинџите, кои се муслимани, се сметаат за странци во Мјанмар и нивното државјанство не го признава владата на таа земја каде 95 отсто од населението се будисти.

Back to top button
Close