Онколог открива која ужина го намалува ризикот од рак

Американскиот институт за истражување на рак и Советскиот фонд за истражување на рак проценуваат дека помеѓу 30 и 40 отсто од сите видови карциноми можат да се спречат со правилна исхрана и вежбање.

Онкологот д-р Лори А. Алфонсе ја открила својата омилена ужина со која ја задоволува желбата за грицкање, а дури може да го намали и ризикот од рак.

Кога д-р Алфонсе ќе посака попладневна ужина, посегнува по мешани јаткасти плодови. Омилени ѝ се бадемите, индиските ореви и ф’стаците.

Според студијата од 2023 година, јадењето само 28 грама јаткасти плодови дневно (околу една дланка), е поврзано со намалувањето на смртноста од рак за 21 отсто.

Тоа е затоа што јаткастите плодови се одличен извор на биоактивни споеви кои помагаат во намалување на воспаленијата и спречуваат настанување или размножување на клетките на ракот

Back to top button
Close