Опожарениот дел од Поштата ќе се реновира и пренамени во мултифункционален комплекс, најави Љутков

Опожарената шалтер-сала во централната зграда на „Македонска пошта“ во Скопје ќе биде реновирана и ќе добие мултифункционална намена, најави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Ваква одлука донела Владата, во рамки на подготовката за потребите на Скопје – „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.

Инсталација на настанот „Скопје лајт арт дистрикт“ 2021 година во главната сала на Поштата / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

За реновирањето и пренамената на овој дел од објектот на Пошта, како што рече Љутков, во неколку наврати е разговарано и со поранешниот евроамбасадор Дејвид Гир пред неговото заминување од функцијата.

„Разговаравме неколку пати, бидејќи седум години имало тенденција Министерството за култура да ја преземе Пошта и таа да стане друг комплекс, односно да има друга намена. Разговаравме и со министерот за транспорт Александар Николоски и донесовме одлука на Влада дека таа ќе биде реновирана и ќе има друга намена, како мултифункционален комплекс“, изјави Љутков одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Националната опера и балет.

Министерот додаде дека во меѓувреме е формирана работна група која треба да почне да работи во оваа насока.

Back to top button
Close