Определен притвор за дилер на дрога во Битола

Во Скопје приведени двајца осомничени крадци - МИА

Обвинителството од Битола побара истражна постапка за битолчанец кој продавал кокаин, која дрога ја набавил од Скопје, а судијата на претходна постапка донел Решение со кое определил притвор, во траење до 30 дена.

Од ЈО соопштија дека наредбата за спроведување на истражна постапка е донесена заради постоење на основано сомнение дека осомничениот во неговиот дом во Битола, неовластено заради продажба држел 11 полиетиленски опаковки и еден стаклен сад со наркотична дрога – кокаин, во вкупна количина од 9,77 грама.

-Тој претходно ја набавил дрогата од Скопје, за подоцна да ја препакува и нуди на продажба на наркозависници во Битола. Дрогата е пронајдена при претрес од полициски службеници од СВР Битола. Јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Битола достави Предлог за на осомничениот да му биде определена мерка притвор бидејќи постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, би можел да влијае на сведоците, како и доколку остане на слобода да го повтори делото, се појаснува во соопштението на ЈО.​

Back to top button
Close