Орбан: Ако Америка има претседател што сака војна, тогаш ќе има војна, Трамп е за мир

Доколку Америка има претседател што сака војна, тогаш во светот ќе има војна. Ако на чело на САД има претседател што сака да има мир, тогаш ќе има мир. Доналд Трамп е на страна на мирот бидејќи тој ни е потребен.

Ова на прес-конференцијата во Охрид денеска го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан прашан какво влијание врз Европа и врз тековниот конфликт во Украина би имал изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Потенцирајќи ја улогата на САД во светскиот мир, унгарскиот претседател вели оти функционирањето на Трамп како претседател со Соединетите Држави е веќе познато, со оглед на неговиот претходен мандат.

„Трамп е на страна на мирот бидејќи нам мир ни е потребен. Би сакале на чело на САД да биде претседател што се залага за мир. Кога во САД има претседател кој е против војна, тогаш војна нема да има. Ако имаме силен претседател на САД, тогаш ќе има мир, ако имаме слаб претседател – ќе има војна“,изјави унгарскиот премиер одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.
Оценувајќи оти западната елита е затворена во многу тесен круг, Орбан вели дека е потребна свежа крв на светската политичка сцена зашто, како што додава, актуелните демократски политичари, кои ги нарече старомодни интелектуалци, нема да можат да се справат со предизвиците.

„Доколку на светската политичка сцена доаѓаат нови ликови кои се динамични и можат да донесат нешто ново, тогаш тоа треба да го поддржиме“,изјави Орбан во однос на поддршката на експретседателот на САД и актуелен републикански кандидат Доналд Трамп.

Back to top button
Close