Организаторите на протестот „Србија против насилството“ потпишаа „Договор за победа“
Претставниците на петте пратенички групи на опозицијата – Небојша Зеленовиќ, Зоран Лутовац, Мариника Тепиќ, Мирослав Алексиќ, Радомир Лазовиќ и Александар Јовановиќ Чута, кои ги организираа протестите „Србија против насилството“, денеска потпишаа „Договор за победа“ и го повторија барањето до крајот на годината да се одржат вонредни парламентарни и белградски избори. Тие демонстрираа единство и решителност да ја поразат „криминалната власт“ и ги повикаа сите актери на опозицијата да соработуваат со нив за постигнување на таа цел,.
Суштината на договорот што го потпиша партиите од проевропската опозиција, е заедничка соработка на сите други партии од опозицијата, не само соработката на потписниците на овој договор, почитување и ненапаѓање на опозицијата, координирање на акциите на опозицијата и фокусирање на промена на криминалниот режим, контрола на изборите, се што е потребно за победа на „криминалната власт“. Се инсистираше и на вклучување на граѓаните во политичките процеси.
Потпишаниот документ не мора да значи, објаснија неговите потписници, дека станува збор за коалиција која ќе оди на избори на една листа, за тоа ќе се решава во интерес на постигнување на најдобар можен резултат кога ќе се распишат изборите.