Османи за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ: Ако ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите
ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретен предлог, претседателските и парламентарните избори да се одржат идната пролет, помеѓу двата најголеми верски празника.
Министерот за надворешни работи и дел од ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ ги изгласаат уставните измени, ќе се остави тие да одлучат кога ќе бидат изборите.
„Кога и да сакаат. Денеска, утре, задутре, веднаш по изгласување на уставните измени“, вели Османи