ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ-ОА Г. Г. СТЕФАН

Почитуван
Архиепископ на МПЦ-ОА,
Ви се обраќам со ова писмо со цел да Ве запознам со моето мислење за сериозните опасности со кои се соочува македонската држава, македонската нација, македонскиот јазик, македонската историја и останатите национални атрибути. Комунизмот како идеологија и социјализмот како систем беа натурени на земјите од средна и источна Европа, кои согласно договорот на големите сили на Јалта, припаднаа во сферата на поранешниот Советски Сојуз. Иако Југославија не беше членка на Варшавскиот договор, Тито, со цел да го избегне судирот со Сталин, не ги напушти темелните принципи на социјалистичкиот систем. Во Југославија беше лансирана идејата за самоуправен социјализам, кој се покажа неуспешен како и реалниот социјализам во останатите социјалистички земји. Крахот на социјализмот кој се случи на крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години од минатиот век доведе до распад на Советскиот Сојуз, на Варшавскиот Пакт, на Советот за заемна економска помош и на социјалистичката заедница. Западот го победи Истокот без испукан куршум, но, за да не му наштети на последниот советски лидер Михаил Горбачов, не само што се воздржа од каков било триумфализам, туку го спречи државниот удар против него, кој го подготвуваа конзервативните сили во Советскиот Сојуз.
Иако формално важеше за либеарлна држава, Југославија имаше најригиден став кон религијата, односно кон црквата! Комунистите кои учествувале на какви било верски свечености беа подложни на критики, укори, па и партиски казни. Полските комунисти, вклучително и лидерот на комунистичата партија Бадникот трасиционално го прославуваа со крап и со 13 разни јадења. Слична традиција практикуваа и Чесите од кои, согласно резултатите од направените анкети, само 40% се верници. Полската католичка црква се јавува како коректор на социјалната политика на државата. Согласно сознанијата што ги стекнав во време на двете мои дипломатски мисии во Полска, Полската католичка црква води картотека за полските граѓани која е далеку подобра од државната, поточно од полициската картотека. ПКЦ знае колкави се примањата на секое семејство, а знае кој и колку пари од платата издвојува за црквата, меѓутоа, исто така знае кому и каква здравствена и слична помош им е потребна на изнемоштените, старите и болните личности и ангажира воглавно жени кои се подготвени да им помагаат. Во времето кога Полјакот Војтила, алијас Јован Павле Втори беше Папа односно поглавар на РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА за оние кои доброволно се грижеа за луѓето на кои им беше потребна каква било помош се овозможуваше бесплатен лет до Рим, односно Ватикан со цел средба со Папата – Полјак. Папата, но и голем дел од врвните свештеници на ПКЦ јавно укажуваа на погрешните политики на властите. За разлика од Католичката црква, православнаат црква се грижи само за духовните потреби на вернииците, но не и за нивните материјални потреби, односно за леб и за покрив на сиромашните луѓе и самохраните мајки. По крахот на социјализмот стамениот Папа Јован Павле Втори го крене својот глас и предупреди дека пропаста на социјализмот не смее да го остави капитализмот како единствена алтернатива, кој е преполн со девијантни појави, ги дели луѓето на енормно богато малцинство и енормно сиромашно малцинство. Добро би било православните цркви да ги проучат позитивните исуства на Католичката црква и истите да ги применат
Мирот, стабилноста и просперитетот на секоја држаав зависи од начинот на нивното уредување. За државите во кои живеат повеќе етнички заедници, мошне важно е уредувањето на односите меѓу етничките заедници. Денес во светот има сосема мал број земји кои се национално хомогени, односно во кои постои само една нација. Меѓу таквите земји се Јапонија и Исланд. Во последниот милениум, Балканот бил подрачје на кое се судирале и преплетувале интересите на три големи религии, католицизмот, православието и исламот, а во последниот век и на комунизмот. Благодарејќи на постојаните реформи, Католичката црква го ширела своето влијание во светот, така што бројот на католиците се проценува на околу 1,5 милијарди. Хиерархиската организација на Католичката црква е базирана на следниот принцип Еден е Господ на небото, а Папата е единствен негов претставник на земјата/планетата. Исламот е најмлада религија, која има преземено некои позитивни искуства од другите религии, но во практиката применува и некои екстремни ставови кои не се компатибилни со трендовите во светската цивилизација. Брјот на верниците на исламската вера се проценува на околу 1,5 милијарди луѓе, што покажува дека меѓу исламот и католицизмот се води жестока битка за придобивање на нови верници со инкултурација. Бројот на католиците и муслиманите постојано се зголемува благодарејќи на нивните прагматични платформи, кои се базирани на следниот принцип за да се биде член на спомнатите големи религии не се битни бојата на кожата, националната припадност, јазикот и другите национални атрибути, туку е битно верниците да ги прифатат традиционаните вредности на односната религија! Бројот на православните верници, не само што не се зголемува, туку постојано се намалува, како последица на ширењето на влијанието на двете спомнати големи религии, но и поради хипотеките на комунизмот. Најголем проблем на православието е тоа што нема авторитет кој би бил признат и прифатен во православнаат еумена. Постои големо ривалство меѓу вселенскиот патријарх, чие седиште е во Фанар (Истанбул), каде има мал број православни верници и Патријархот на Руската православна црква, која има најголем број верници. Постои голем проблем и околу чудниот и апсурден пресеанс на парвославните цркви и нивните поглавари. Антиохиската, Ерусалимската и Александриската првославна црква, иако имаат минимален број верници, на основа на пресеансот, кој е базиран на датата на нивното основање се рангирани на врвни места во хиерархијата на парвославните цркви. За да ги задржат привилегиите, посатрите православни цркви не се согласуваат со давање на томос на новите православни цркви. Во тој поглед постоеше сериозен проблем околу признаавњето на автокефалноста на МПЦ од срана на Српската православна цркца. Мошне добро е тоа што овој проблем е дефинитивно надминат.
Раководството на МПЦ-ОА признава и води сметка само за Македонците со православна вера, а ги игнорира Македонците со други религии, а посебно оние со исламска вера. Со ваквата тесно религиска политика МПЦ-ОА нанесува сериозни штети на интересите на македонската држава и на македонската нација. Не е никаква тајна дека челниците на МПЦ-ОА имаат игнорантско однесуавње кон Македонците со исламска вера и ги ословуваат со пејаротивни изрази ТОРБЕШИ, не водејќи сметка дека овие луѓе прифатиле друга вера само со цел да преживеат. За разлика од Македонија, каде што исламот го прифатиле најсиромашните општествани слоеви, исламот во Босна и Херцеговина го прифатиле најбогатите слоеви со цел да ги задржат привилегиите. Истакнатите интелектуалци од редовите на Македонци со исламска верз Проф. Нијази Лимановски и Исмаил Бода апелираа да бидат прифатени и третирани како Македонци со исламска вера, но, некои македонски политичари и влијателни духовници на МПЦ-ОА не ги прифатија нивните барања и желби да бидат третирани како Макеонци со апсурдно образложение „За да бидете Македонци треба да се вратите под крстот“! Поради ваквото однесување на кусогледите македонски политичари и верски лидери, овие Македонци беа прифатени со раширени раце од паметните Албанци, кои ги користат во нивнкога „балансер“ политика. Кога согледа дека нема шанси за реализација на неговите кариеристички и материјални интереси се прогласи за православен Албанец и најави формирање наата балансер политика. Еден преамбициозен македонски политичар кој беше (само)титулиран како министер за надворешни работи (во сенка) на ВМРО-ДПМНЕ кога виде дека нема шанси за реализација на неговите кариеристички и материјални амбиции се прогласи за парвославен Албанец и најави формирање на православна црква на Албанците во Македонија. Албанската Академија на Науките и Уметностите му додели титула АКАДЕМИК, меѓутоа, набргу потоа почина така што не беше во состојба да ја реализира идејата за основање на најавената православна црква! Македонските политичари и челниците на МПЦ-ОА, за жал, не разбираат дека националната припадност е поважна и поширока платформа од верската припадност! Порано ја цитирав мудрата мисле на големиот црногорски државник и поет ЊЕГОШ, која ќе ја цитирам и во оваа пригода БРАТ ЈЕ МИО МА КОЈЕ ВЈЕРЕ БИО! Меѓутоа повторно ќе ја цитирам мудрата мисла на познатиот албански интелектуалец, инаку Влав по националност, Васо Паша АЛБАНИЗМОТ Е АЕДИНСТВЕНА РЕЛИГИЈА НА АЛБАНЦИТЕ! Македонските световни и духовни челници би требало мошне сериозно да размислат за дефинирање на нова национална стратегија, која би водела сметка за националните интереси на македонскиот народ! Добро би било македонските световни и духовни лидери да се извинат на Македонците со исламска вера за неправдите што им беа сторени во минатото и да ги повикаатслободно да се приклучат на јатото на Македонците на кое му припаѓаат!
Скопје 25 август 2о23 година
Коста Стоименовски






