ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Б.(58) од Скопје и правно лице – хотел од Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Б.(58) од Скопје и правно лице – хотел од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“ и против Д.Г.(37) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениот К.Б., како управител и одговорно лице во правното лице, иако знаел дека договорот за закуп и користење на плажа во близина на Струга, склучен помеѓу правното лице и Министерството за транспорт и врски бил изминат, по што требало земјиштето да го врати во сопственост и во владение на Република Северна Македонија, без одобрение за градење во текот на јуни 2020 изградил угостителски објект и без решение извршил реконструкција на постоечки објект. Тој, исто така, со пријавениот Д.Г. склучил договор за закуп на наведеното земјиште и објект за рок од 04.05.2020 до 04.05.2022 година.

Back to top button
Close