ПАЃА НОЌ, ПАЃА КРИТЕРИУМ

И власта и опозицијата ни се фалат дека имаат визија. Сигурно и овој пат во изборните кампањи ќе ни раскажуваат за нов клинички центар. Наместо да речат, мали сме, сиромашни, дај барем ова што го имаме да го дооформиме, да го средиме и надградиме, повторно ќе нѐ лажат со цртежи од мегаломански проекти. Со неконтролираното населување на Водно го затнаа единствениот пристап до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Истите силеџии сега ќе го уништат и целиот кварт околу „8 Септември“ и можноста за ширење на болницата. А партиите и од власта и од опозицијата што здушно учествуваа во ова силување од лични интереси, сега ќе ни прикажуваат некои 3-Д презентации од марсовски клинички центри што треба да ги прават на некоја ливада надвор од Скопје, само за да ја задоволат алчноста за плацовите што ги задушија болниците во градот.

Ми зборат за визија, за Европа, за Америка, се фалат со НАТО, Русија нешто ја споменуваат, Кина… Како да не гледат во какво ѓубре се давиме, како да не гледат дека јавниот простор е узурпиран, дека се краде на секој чекор, дека никој за ништо не е надлежен, дека никој за ништо не одговара.

Ние сме држава која нема функционална пошта, нема функционална железница, граѓаните немаат важечки лични документи, ама важно е дека има политичари со визија.

Визија – за крадење.

Целата колумна на Горан Михајловски на сдк.,мк

Back to top button
Close