Пациентка тврди дека била нападната од лекар – двајцата пријавиле во полиција физички напад

Ова е изјавата на Цвета Ивановска која тврди дека е истепана од лекар од болницата 8 Септември.

Сето тоа се случило, како што вели, кога побарала од медициснките сестри да и ја отстранат инфузијата бидејќи завршила. Тврди дека веднаш потоа дошол доктор, кој ја нападнал.

Снимајќи ја пациентката, тимот на ТВ21 беше спречен и остранет од обезбедувањето на болницата.

Случајот е пријавен во полиција, но освен пациентката која го пријавила лекарот и лекарот ја пријавил неа за насилство.

„Денеска во СВР Скопје, пациентка пријавила дека во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје била физички нападната од лекар. Подоцна, во СВР Скопје и лекарот пријавил дека во болницата бил физички нападнат од пациентка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Back to top button
Close