Папата Франциск е тешко настинат, ќе ја води неделната молитва од резиденцијата

Папата Франциск, погоден од тешка настинка, превентивно ќе ја води редовната неделна ангелска молитва од својата резиденција, соопшти Ватикан.

Одлуката е донесена со оглед на ниските температури во Рим и обврските на Папата во деновите пред Божиќ, се додава.

Папата Франциск се пожали на настинка за време на вчерашната аудиенцијата, а потоа беше доволно добро денеска да го одржи својот годишен божиќен говор пред кардиналите.

Папата ќе ја предаде молитвата Ангел Господов утре од капелата на ватиканскиот кварт Света Марта, каде што живее, наместо да им се обраќа на аџиите од прозорецот со поглед на плоштадот Свети Петар.

Back to top button
Close