Парното поскапува за 4,5% – ЕСМ да го стави во функција топловодот „Беласица“

Парното во Скопје ќе поскапи за 4,51% одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Комисијата, како што е соопштено, добила барање од од ЕСМ за зголемување на цената на топлинската енергија од повеќе од 50 %.

– Со оваа одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот „Беласица“ за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕ-ТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ – изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ. .

Според него, со работата на ТЕ-ТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1.800 денари, без работа на ТЕТО 2.800 денари, што е разлика во цена од 60 %.

Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

Back to top button
Close