Пелоси повика на санкции против Кина поради Хонг Конг

 Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска повика да се воведат санкции и да се преземат други чекори против Кина, откако Пекинг го усвои контроверзниот Закон за национална безбедност за Хонг Конг.

Таа изјави дека овој брутален закон ќе ги исплаши, застраши и задуши оние што мирно бараат слобода.

– Мора да ги земем предвид сите расположливи алатки, вклучително и визните ограничувања и економски казни, се вели во изјавата на Пелоси во однос на можните санкции за Кина.

Кинескиот Парламент денеска го донесе Законот за национална безбедност за Хонг Конг, но тој се уште не е објавен во Службен весник. Кинеските власти утре ќе одржат прес конференција, на која ќе го појаснат законот.

Back to top button
Close