Пендаровски: За да има помирување, треба да има извинување од Бугарија за депортацијата на македонските Евреи

Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината.

Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи.

Ова го порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи – поранешен скопски Монопол кои токму од ова место пред 80 години во три конвои биле спроведени до железничката станица и депортирани во логорот Треблинка.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close