Песков: Изјавите на Бајден дека руската политика во Украина е геноцидна е обид за искривување на ситуацијата

 

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател, изјави дека Русија не се согласува со изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека руската политика во Украина е геноцидна.

Песков им рече на новинарите дека таквите изјави се „тешко прифатливи“ од претседател на САД.

– Ние категорично не се согласуваме со нив. Сметаме дека ова е неприфатлив обид да се искриви ситуацијата на овој начин, особено е тешко да се прифати за претседателот на САД, рече Песков.

Тој ја опиша САД како „земја која извршила добро познати дела во текот на модерната и поновата историја“

Back to top button
Close