Песков: Преговори меѓу Русија и Украина под услови на Киев се апсолутно нереално сценарио
Преговори меѓу Руската Федерација и Украина под услови на Киев се апсолутно нереално сценарио, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој, на новинарско прашање да ја коментира изјавата на Џонатан Фајнер, главниот заменик советник на американскиот претседател за национална безбедност, дека САД сакаат Москва да преговара со Киев под украински услови во 2024 година, рече дека тоа е „апсолутно нереално“.
– Има многу такви изјави. Тие прибегнуваат кон разни трикови само за да ги убедат своите парламентарци да гласаат за натамошна распределба на парите. Значи, веќе имало многу такви изјави и тие ќе продолжат, рече Песков.