Пет деца на кислородна поддршка во Козле

Се повеќе деца заразени со ковид 19 се хоспитализираат во детската болница во Козле, а 5 од нив се на кислородна поддршка.

Како што објави Сител, децата имаат ниска сатурација и сериозна клиничка слика, но нивната состојба е стабилна.

Од 20 кои лежат во болничките соби, дури 15 се школски деца. Освен наод на белите дробови, пациентите имаат и висока температура и глад за воздух.

Педијатрите предупредуваат дека овој бран е многу посериозен од претходните и бројот на приеми и прегледи е зголемен со стартот на учебната година.

Лекарите стравуваат дека бројот на заразени ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците за време на зимата.

Back to top button
Close