Пет земји во сојуз против Путин, сакаат да го исфрлат од игра

Формиран е сојуз меѓу Велика Британија, САД, Канада, Јапонија и Франција во обид да се избрка Владимир Путин од меѓународниот пазар на нуклеарна енергија.

Како дел од договорот, петте земји ќе ги користат сопствените ресурси за нуклеарна енергија за да го поткопаат „рускиот стисок врз синџирите на снабдување“, пишува Seebiz.

Тој, исто така, ќе поддржи „стабилно снабдување со горива за денешните потреби, како и ќе гарантира стабилен и безбеден развој и употреба на горивата за утрешните напредни реактори“, се вели во заедничката изјава.

Тие посочија дека овој договор ќе биде искористен како основа за целосно истиснување на Путин од пазарот на нуклеарно гориво и дека што е можно поскоро, ќе му се прекине друг начин на финансирање на конфликтот со Украина и во основа да се остави Русија на студ.

„Велика Британија е во самиот центар на глобалните напори да ја поддржи Украина, да го порази Путин и да се осигура дека тој и сите како него повеќе не можат да мислат дека можат повторно да го држат светот како откуп за нивната енергија“, рече Грант Шапс, државен секретар за енергетска безбедност на Велика Британија.

Back to top button
Close