Петмина неонацисти добија затворски казни поради намера да уништат дел од американската енергетска инфраструктура

Суд во САД донесе пресуда за последниот од петмината членови на групата бели супремисти која подготвувала напади на објекти на енергетската инфраструктура на САД, соопшти Министерството за правда.

Џордан Данкан (29) од Северна Каролина е осуден на седум години затвор за изработка на кратка пушка со што го прекршил федералниот закон за оружје. Другите членови на групата беа осудени претходно годинава.

Обвинетите, од кои тројца служеле во морнарицата на САД, планирале да предизвикаат штета на важни инфраструктурни објекти и вршеле обука со оружје за да ги реализираат своите планови.

Основачи на групата биле 38-годишниот Пол Џејм Кришчук и 25-годишниот Лиам Колинс, кои се запознале на неонацистичкиот форум „Железен марш,“ во 2017 година. Тие ги регрутирале останатите членови, кои споделувале иста идеологија, вклучувајќи го и Данкан.

Судскиот процес утврди дека групата внимателно проучувала и дискутирала претходен напад врз енергетскиот систем извршен од непозната група која се обидела да крене во воздух трафостаница.

Во периодот од 2017 до 2020 година, групата изготвила огнено оружје, набавувала воена опрема и разменувала технички знаења за оружје и експлозиви.

Според судските документи, групата вршела обуки за користење огнено оружје и правела пропагандни видеа во кои членовите користеле јуришни пушки и покажувале нацистичка симболика.

При апсењето во 2020 година, органите на редот одзеле рачно напишана листа со околу десетина инфраструктурни објекти во Ајдахо и соседните држави, вклучувајќи трафостаници, трансформатори и други објекти од електродистрибутивната мрежа..

Крисчук е осуден на пет години затвор поради намера да уништи енергетски објекти, додека Колинс на десет, за заговор и кривични дела поврзани со оружје. Останатите двајце учесници на рупата се осуени на една година и девет месеци затвор.

Back to top button
Close