Петмина повредени во пожар и експлозија на гас во Москва

– Најмалку пет лица се повредени во пожар во петкатна зграда во Москва предизвикан од експлозија на гас во стан.

Како што јави агенцијата ТАСС, спасени се 16 лица.

„Пожарот е изгаснат“, соопшти прес-службата на секторот на руското Министерство за вонредни ситуации во Москва.

Обвинителството потврди дека пожарот бил предизвикан од експлозија на гас што се случила рано утрово, а ги зафатил становите меѓу третиот и петтиот кат.

Во тек е истрага за причината за експлозијата и пожарот. паг/

 

Back to top button
Close