Петмина загинати во пакистански напад во индискиот регион Џаму
Пет лица загинаа утрово при пакистански напади врз индискиот регион Џаму, се наведува во соопштение од полицијата.
„Очигледниот обид на Пакистан да го наруши суверенитетот на Индија и да го загрози цивилното население е неприфатлив“, соопшти индиската армија на социјалната мрежа „Икс“, додавајќи дека ќе ги „сопречи непријателските планови“.
Воените власти изјавија дека забележале повеќе дронови над градот Амритсар, но сите биле уништени од противвоздушната одбрана.
„По западната граница продолжува ескалацијата на пакистанските активности со употреба на дронови и други муниции“, истакна индиската армија.