Петреус: Русија направи три клучни грешки во текот на инвазијата врз Украина


Поранешниот директор на ЦИА,пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус, оценува дека руската војска направи три клучни грешки за време на инвазијата на Украина.

-Тие целосно ги потценија украинските сили и ги преценија руските. Тие не можеа да ја наметнат својата линија на воена кампања и да ги подготват силите за спроведување на оваа кампања, рече Петреус.

„Покрај тоа, тие немаа модерни телекомуникациски системи. Значи, генералите продолжија да им гинат“, додаде тој.

-Понатаму, тие не ги обучуваа своите војници, секогаш знаевме дека им недостасуваат професионални подофицери кои се столбот на нашите сили на Западот. Имаше многу грешки што ги покажаа, некои очекувани, а некои неочекувани, нагласи пензионираниот генерал Петреус, поранешен началник на Здружениот штаб на началаници на американската војска.

Генералот, исто така, истакна дека руските комуникациски канали се едноканални и не се шифрирани, што им олеснува на Украина и нејзините сојузници да ги следат.

Њусвик, исто така, пренесува дека Петреус кажал дека украински напад може да предизвика колапс на руските сили на југот на Украина и дека украинските сили ќе ослободат голем дел од украинската територија што Русите ја окупираа минатата година, се до Крим, пренесува загребската телевизија N1

Back to top button
Close