Пијан капетан потона брод во Сплит – патниците се спасени

Туристичкиот брод „Морска вила“ со 50 патници ноќта во саботата во 2.35 часот, удрил во западниот брег на Сплит и потонал. Како што соопшти сплитската полиција, сите 50 патници биле извлечени на брегот и не се повредени.

Жупанискиот оперативен противпожарен центар во Сплит соопштил дека бродот долг 21 метар потонал и дека е можно загадување на морето. На местото на настанот излегле пожарникари, вработени во Капетанијата на пристаништата и полициски службеници.

Полицијата соопшти дека по инцидентот, капетанот на бродот бил приведен во службените простории и било утврдено дека е во алкохолизирана состојба и поради тоа е поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот

Back to top button
Close