Пијан руски војник си го уништи ракетниот систем

Пијан руски војник го уништил во четвртокот ракетниот систем PVO S-400 откако се превртело возилото со кое управувал во рускиот регион Тула, известуваат локалните медиуми.

Станува збор за мобилен PVO систем кој е способен да сруши авиони, беспилотни летала и ракети, а има можност за одбрана од балистички проектили.

Рускиот медиум База кој редовно објавува информации за безбедносните проблеми во земјата, извести дека 33-годишниот руски војник кој го превртел системот PVO паднал на алкотестот, кој, пак, покажал дека бил во алкохолизирана состојба.

„Војникот изгубил контрола и камионот со ракетен систем се превртел во ендек“, пишува База и додава дека војникот завршил со скршеница на раката.

Возилото се движело во конвој со осум возила, но заостанувало зад колоната по што излетало од автопатот и се превртело. За среќа муницијата не била активирана.

Поради тоа што кочниците не му работеле, руските воени сили одлучиле да го остават возилото на местото на несреќата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close